JPMorgan Chase денес објави 10-годишен инвестициски план вреден до 10 милијарди долари за поддршка на компаниите кои се критични за националната безбедност на САД.
Банката во соопштението наведува дека инвестициите ќе се фокусираат на четири сектори: одбрана и воздухопловство, напредни технологии како што се вештачка интелигенција и квантно пресметување, енергетска технологија, вклучувајќи батерии, и синџири на снабдување и напредно производство, објави CNBC.
Извршниот директор на банката, Џејми Дајмон, потсети дека „безбедноста на земјата се базира на силата и отпорноста на американската економија“ и истакна дека Соединетите Американски Држави во моментов се премногу зависни од „несигурни извори на клучни суровини и производи“.