„Не се бираат ни зборови, ни термини, за да се омаловажи политичкиот противник, па така политичките елити создаваат една одвратна и гнасна политичка предизборна атмосфера, во која на нормалниот, воспитан и цивилизиран граѓанин му се гади и затоа се одвраќа од учество во изборниот процес и на денот на изборите. Остануваат само клиентилизираните и партиски активисти да им одат на митинзите и да ги слушаат нивните примитивни и грозни реторики“, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски за последната недела од изборната кампања.
Според него, тие што решиле да не излезат, апсолутно нема нешто што ќе ги натера да се предомислат.
-Напротив, некои кои решиле да гласаат, може да се предомислат и да не излезат да гласаат, истакнува аналитичарот за „Локално“, додавајќи дека дека се надева дека ќе има над 50% излезност на ниво на цела Македонија.