Во последните денови сведоци сме на една стара, веќе видена практика – истите луѓе кои четири години гласаа против катните гаражи, денес излегуваат со прес-конференции дека ги нема, а утре — без срам — ќе ги ветуваат како свои, наведува Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, во изјава за медиумите.
„Тоа не е визија. Тоа е лицемерие. Граѓаните на Карпош не заслужуваат лаги во боја и стари плакати со нови ветувања.
Додека тие менуваат приказни, ние ја менувавме реалноста: реновиравме училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, направивме нови улици, паркови и јавни површини.
Затоа, на 19 октомври — да излеземе сите и да им покажеме дека Карпош не се продава на муабет. Карпош се брани со работа, со резултати и со достоинство“, додава тој.