Димитриев: Левица предлага иновативен проект – ТЕХНОЛОШКИ ПАРК во Општина Аеродром

Технолошкиот парк ќе биде мултифункционален развоен кластер кој ќе ги поврзува ИТ секторот, старт-ап компаниите, истражувачите и жителите. На едно современо место што ќе пулсира со енергија и креативност. 

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Аеродром мора да се развива, не само да се гради, вели кандидат за градоначалник на Општина Аеродром на Левица Марјан Димитриев, се вели во партиското соопштение.

Левица предлага иновативен проект – ТЕХНОЛОШКИ ПАРК во Општина Аеродром.

Овој проект има за цел да го преобликува карактерот на нашата општина, носејќи економска, технолошка и урбана разновидност – наместо едноличноста каде сѐ што се гради се само станови.

Технолошкиот парк ќе биде мултифункционален развоен кластер кој ќе ги поврзува ИТ секторот, старт-ап компаниите, истражувачите и жителите. На едно современо место што ќе пулсира со енергија и креативност.

Во состав на паркот ќе има и градинка, јавни и комерцијални објекти, за удобност и корист и на вработените и на локалните жители.

Ова е визијата на Левица за паметен, функционален и жив Аеродром. Општина што нуди можности, не само ѕидови, додаде тој.