-Социјалните медиуми не би можел да кажам дека се над традиционалните медиуми во информирање на кампањата. Но, тие претставуваат опасност бидејќи дезинформациите, лажните наративи и пропагандата многу полесно се шират преку социјалните медиуми, отколку преку традиционалните, вели за „Локално“ претседателот на Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски.
Тој потенцира дека треба со внимателност да се проследуваат и следат оние информации кои што се пласираат на овој начин.
-Не велиме дека сите тие се неточни, тоа апсолутно не е така, меѓутоа треба да подлежат на една покритичка опсервација од страна на читателите, вели претседателот на ЗНМ.
На прашање дали медиумите ја загубија вистинската улога кога се работи за фер и коректно информирање токму поради борбата за кликови, Чадиковски објаснува дека треба да работиме на описменување и на публиката и на читателите, за да можат да ги распознаат информациите кои што доаѓаат од традиционалните медиуми од една страна и од социјалните медиуми од друга страна.
Б.Т.