Градоначалникот и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски вечерва информира дека влегува во вториот круг на локалните избори во Карпош. Негов противник ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.
-Јасно е истакната волјата на граѓаните на Општина Карпош. Опозициските гласови се скоро дупло во однос на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Посебно сакам да им се заблагодарам на моите противкандидати на фер и демократската кампања, пред се на госпоѓата Маја Мојсова и госпоѓата Невена Георгиева. Имаа максимално коректна кампања, кажа Јакимовски во изјава за медиумите.
Градоначалникот потенцира дека очекува поддршка во втор круг од сите опозициски сили и очекува карпошани „да си го одбранат достоинството“. Додаде дека очекува неговата советничка листа да „пројде“ подобро од минатиот пат. Смета дека повторно ќе биде „шаренолико“и дека никој нема да има мнозинство. По завршување на изборите, ќе настапат преговори за формирање на Советот на Општина Карпош.
Јакимовски најави дека доколку остане на градоначалничката функција ќе имплементира дел од програмите на неговите противкандидати кои не поминале во вториот круг.