Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ победи во Кочани во првиот круг од Локалните избори 2025 година. Тој, според неофицијални информации освоил над 40 отсто од гласовите.
Независниот кандидат и актуелен в.д. градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски, ќе му конкурира во вториот изборен круг.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи за две недели, односно на втори ноември, кога граѓаните повторно ќе излезат на гласање за да го изберат новиот градоначалник на општината.