Николоски: СДСМ и ДУИ се во такви проблеми што ќе се занимаваат со себе, а не со поддршка на другите кандидати

„Во однос на партијата Левица, јасна е нивната ориентација - таа е спротивна на геостратешките определби и заложби на Македонија што мислам дека е огромна штета затоа што македонскиот народ секогаш страдал кога правел погрешни геостратешки избори“, порачува Николоски

од Nikola Popovski
23 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска запрашан дали неговата партија можеби очекува поддршка од СДСМ во вториот круг во Општина Карпош и Град Скопје, тој вели дека кандидатот за градоначалник на Карпош и противкандидатот Стевче Јакимовски е на американската црна листа и дека е осуден од Основниот суд за криминал во општината.

-Затоа сум убеден дека во Карпош ќе имаме убедлива победа затоа што сигурен дека граѓаните нема да гласаат за човек кој што е осуден за криминал и за човек кој што е на црната листа на САД за криминал и корупција. Во однос на партијата Левица, јасна е нивната ориентација – таа е спротивна на геостратешките определби и заложби на Македонија што мислам дека е огромна штета затоа што македонскиот народ секогаш страдал кога правел погрешни геостратешки избори. Сега имаме правилен геостратешки избор – сме партнери со САД и Велика Британија, членки сме на НАТО и сакаме да бидеме членки на ЕУ, рече Николоски на прес-конференција.

Тој смета дека „СДСМ се во такви проблеми така што ќе се занимаваат со себе, а не со поддршка на било кого“. Николоски го има истото мислење и за ДУИ.