Атанaсоски: Oгромен губитник на овие избори е владејачката ЗНАМ кои имаат огромен пад во гласачкото тело од минатогодишните парламентарни избори

Според Атанасоски, СДСМ е во клиничка смрт и прашање е на егзистенционален опстанок

од Nikola Popovski
60 прегледи

Апсолутно мислам дека ќе нема после овој изборен резултат предвремени парламентарни избори. Исто така огромен губитник на овие избори е владејачката ЗНАМ кои имаат огромен пад во гласачкото тело од минатогодишните парламентарни избори, вели политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски за ситуацијата по гласањето на локалните избори.

Според него, СДСМ е во клиничка смрт и прашање е на егзистенционален опстанок на оваа партија.

-Единствена голема победа на СДСМ е на градоначалникот Горан Герасимовски во Општина Центар и тоа го држи моралниот социјалдемократски компас во најурбаната скопска општина, истакнува Атансоски во анализа за „Локално“.

Aтанасоски со оценка за изборите: Левица е огромен хит, СДСМ во клиничка смрт, ВМРО-ДПМНЕ очекувано победи