ВМРО-ДПМНЕ има силна потреба од демократизација и реформи во партијата, како и од европски пристап. Во вториот круг тешко дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да привлече повеќе гласови, иако ќе се игра на варијанта дека се победници, а луѓето генерално се приближуваат кон победниците, вели за „Локално“ универзитетскиот професор и политичар Оливер Андонов.
Од друга страна, како што додава, Левица ќе оди на тоа дека треба да се добие баланс меѓу градоначалникот и Советот.
Тој изборите ги оценува како драстичен пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, што е сериозно прашање за размислување во ВМРО-ДПМНЕ.
-Не сум изненаден воопшто и очекувани ми се овие резултати. Можеби малку сум изненаден што ВМРО-ДПМНЕ надмина 300 илјади гласови, но споредувајќи со локалните избори од 2021 година, 13 илјади гласови разлика за четири години власт во повеќето општини во Македонија и за 15 месеци во државна власт, е многу мал раст, ако сака некој да го цени како раст, рече Андонов.
Тој е на ставот дека растот на Левица во иднина не е од полза за државата затоа што нема да има евроинтеграции.
Б.Т.