Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, во врска со поддршката на министрите за енергетика на земјите-членки на Европската унија за предлогот за постепено елиминирање на увозот на руска нафта и гас, денеска изјави дека не гледа излез од ситуацијата и дека очекува враќање на српскиот претседател Александар Вучиќ од Унгарија и се надева дека, како што рече, тој има решение.
„Ова се катастрофални вести за нас, навистина катастрофални вести. Не се сеќавам дека неодамна добивме толку сериозни и лоши вести за Србија. Изградивме гасоводи токму за да имаме непречен, безбеден проток на гас кон Република Србија“, изјави Брнабиќ за Танјуг.
Работиме и на диверзификација на гасот, додаде Брнабиќ, за Србија да биде енергетски безбедна и што е можно енергетски одржлива.