Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денес, за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, ја истакна важноста на проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан, соопшти нејзиниот кабинет.
Макрон е во прва официјална посета на Словенија, јавува СТА.
Двајцата лидери ги потврдија одличните билатерални односи и разговараа за економската соработка, а изразија задоволство од соработката во Советот за безбедност на ОН и ја поддржаа неговата реформа.