Зенку: Наместо ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да признаат дека гласачите им го вртат грбот, повторно ја играат играта на триумфализам и спин

Што се однесува до „историските“ 53.000 неважечки ливчиња, Зенку оценува дека е аларм, а не статистика

од Nikola Popovski
11 прегледи Дритон Зенку

Аналитичарот и новинар, Дритон Зенку смета дека е очигледно како и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обидуваат да го ублажат впечатокот од големиот пад во поддршката. Наместо да признаат дека повеќе од половина од гласачите им го свртија грбот, истакнува Зенку, двете партии повторно ја играат истата игра – триумфализам и спин.

Што се однесува до „историските“ 53.000 неважечки ливчиња, Зенку оценува дека е аларм, а не статистика.

-Тоа е најгласниот тивок протест. Дел се намерно поништени како порака „немам за кого“, а дел се резултат на хаотичен изборен процес и недоверба дури и во гласачките ливчиња. Кога секој десетти гласач одлучува да не избере никого, тоа е системски проблем, не технички, истакнува Зенку.

Сè помалку гласачи поради понудените опции: „Еден милион апстиненти не се мрзливи граѓани, туку разочарани – тоа е политичка дијагноза“

Слични содржини