Работата со глобално успешни компании претставува и чест и одговорност. Наши клиенти се водечки компании од прехранбената, фармацевтската, козметичката, автоиндустријата и многу други производни гранки. Ние обезбедуваме висококвалитетна опрема за индустриско обележување, автоматско аплицирање на етикети, печатење на бар кодови, роботика и автоматизирање на производствата, како и обука за персоналот, инсталација и постпродажна техничка поддршка и сервис. Во нашето портфолио на соработка се вбројуваат брендовите Domino Printing UK, Toshiba, CAB, Zebra, Sato, Iskra Medical и др, вели во интервјуто за „Локално„ Тибор Хеѓкези, генерален менаџер на компанијата ЕЛМЕД
Каков е предизвикот да се работи со светски успешни компании?
-Работата со глобално успешни компании претставува и чест и одговорност. Предизвикот е во тоа што стандардите се исклучително високи како во однос на техничката подготвеност, така и во однос на професионалноста и ефикасноста во работењето. Ние сме врската помеѓу светските производители и локалниот пазар, што значи дека мораме постојано да инвестираме во обука, развој и следење на најновите трендови. Соработката со големи брендови подразбира прецизност, стабилност и долгорочно партнерство.
Компанијата ЕЛМЕД на македонскиот пазар е присутна повеќе од 30 години. Од кога сте на чело и што се променило?
-На чело на компанијата сум во период кога технологијата и пазарот доживуваат сериозни промени. ЕЛМЕД е компанија со долга традиција и стабилна репутација, но нашата цел е да ја модернизираме — со нови деловни стратегии, дигитализација на процесите и проширување на портфолиото. Денес, покрај силното присуство во индустријата со машините за кодирање, аплицирање, пакување, автоматизација, голем акцент ставаме и на медицинската технологија, иновациите и долгорочниот развој.
Кои компании се ваши клиенти и какви услуги добиваат?
-Наши клиенти се водечки компании од прехранбената, фармацевтската, козметичката, автоиндустријата и многу други производни гранки. Освен што обезбедуваме висококвалитетна опрема за индустриско обележување, контрола преку track and trace системи, автоматско аплицирање на етикети, печатење на бар кодови, роботика и автоматизирање на производствата, машини за пакување и стречирање, ние нудиме и обука за персоналот, инсталација, како и постпродажна техничка поддршка и сервис. Веруваме дека продажбата не завршува со испорака на апаратот — туку продолжува со целосна поддршка во неговото секојдневно користење.
Со кои светски брендови соработувате на полето на индустријата и во полето на медицината?
-Горди сме на соработките со неколку водечки светски брендови како во индустријата, така и во медицинската технологија. Тоа се компании кои поставуваат стандарди во индустријата — нивните производи се препознатливи по квалитет, сигурност и иновации. На македонскиот пазар тие веќе имаат изградено силна позиција, а интересот постојано расте. Дел од брендовите во индустријата се Domino Printing UK – во делот за кодирање, печатење на информации дирекно на производ преку кој се овозможува следливост на краен производ. Loma UK – производител на системи за контрола на страни тела во производ, метал детектори, X-Ray системи и динамички контролни ваги. Toshiba, CAB, Zebra, Sato – принтери за печатење на лабели. Herma – системи за автоматско аплицирање на етикети. Robopac – светски лидер во производство на машини за пакување, стречирање, box sealing, автоматско палетизирање и депалетизирање и други автоматски системи во областа на паковниот сектор. UR – Universal Robots – колаборативни роботи кој се безбедни и user friendly системи за автоматизирање на процеси со кој се обезбедува унапредување на производствените процеси, намалување на грешки при производството и ред други бенефити. Valco Melton – системи за автоматско аплицирање на топол лепак. Во областа на медицината голем акцент имаме во областа на физиотерапијата, дијагностиката и медицинската естетика. Тука како главен и водечки врендови би ги навел Iskra Medical – словенски производител на моментално најактуелните апарати за физикална терапија и естетска медицина по пат на дирекна магнетна стимулација, како и Tesla Former и Tesla Care и останатите апарати од нивното портфолио. Habys – производител на кревети за медицинска намена, како и за естетската медицина и Dr. Myler – Ultra Sun – солариуми.
Што ново може да очекуваме од ЕЛМЕД?
-Постојано ги следиме светските саеми и новитетите од индустријата. Нашата цел е новите технологии да ги донесеме први на македонскиот пазар — било да се работи за понапредни индустриски системи или современа медицинска опрема. Очекувајте фокус на паметни решенија, дигитални технологии, енергетска ефикасност и апарати кои го олеснуваат секојдневното работење на нашите клиенти.
Какво е чувството да се биде на чело на успешна компанија?
-Тоа е голема чест, но и уште поголема одговорност. Да се води компанија со повеќе од три децении традиција значи да се гради иднината врз стабилни темели. Успехот не е само во бројките — туку во довербата што ја имаме од нашите партнери и клиенти. Нашата визија е јасна да бидеме сигурен и стабилен партнер, да инвестираме во квалитет и да растеме заедно со нашите клиенти.
Б.С.