Земјите-членки на Европската унија денес ќе се договорат за обезбедување финансиска поддршка за Украина за периодот 2026-2027 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Денес ќе донесеме политичка одлука за да ги обезбедиме финансиските потреби на Украина за 2026-2027 година“, изјави Кошта пред новинарите пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, објави Ројтерс.
Тој додаде дека техничките детали од договорот сè уште се разработуваат во соработка со Европската комисија, но дека клучниот чекор е да се донесе политичка одлука за продолжување на поддршката за Киев.