Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во објава на својот фејсбук профил повторно објасни кој е виновен за ѓубрето во главниот град и за катастрофалната ситуација во која се наоѓа градот.
,,Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:
1. ЈП Комунална хигиена Скопје КХС по закон ја основа, за одлуки и согласности е надлежен СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).
2. Управниот одбор кој УПРАВУВА со КХС 4 години, е составен од членови ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).
3. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Управен одбор на КХС и осудена криминалка за 2 кривични дела од Судот на РМ е ВМРО и е наградена за тоа што градот тоне во ѓубре со советничко место од ВМРО во општина Бутел.
4. Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.
5. Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.
Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:
– да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот
– да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот
По логиката на МВРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непревземање ниту една мерка по Закон”, вели Арсовска.