Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција, изјави Ердоган

Ердоган додаде дека долгорочната цел на Турција е да обезбеди единство и безбедност на нацијата, а воедно да придонесе за помирен регион.

од Бисера Трајковска
19 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/DRM News

Ниедно регионално политичко или безбедносно прашање, од Сирија до Газа и од Персискиот Залив до конфликтот меѓу Русија и Украина, не може да се реши без учество на Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави државната новинска агенција Анадолија.

Ердоган на завршната сесија на „Средбите на векот на Турција“ во Конгресниот центар во Истанбул, посочил дека Турција станала „почитуван глас и во регионот и на глобално ниво – земја што извезува мир и стабилност“.

-Визијата на Анкара е фокусирана на обезбедување иднина во која „ниту една генерација не е залудно потрошена, мајките не плачат, а преовладуваат мирот, безбедноста и просперитетот“, нагласил Ердоган.

Ердоган додаде дека долгорочната цел на Турција е да обезбеди единство и безбедност на нацијата, а воедно да придонесе за помирен регион.

Тој, исто така, нагласи дека земјата ќе продолжи да води политики засновани на стабилност, соработка и мир во соседните земји и пошироко.