Време е да избереме живот, светлина и иднина. Да го избереме човечкото, доброто и она што нè обединува. Кочани треба повторно да заживее — со чест, со правда и со вера, стои во соопштението на независниот кандидат за градоначалник на Кочани, соопшти независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски.
Тој вели дека секој глас е важен, секој човек е дел од оваа приказна.
-Граѓани на Кочани, пред нас е клучен момент за иднината на нашиот град. По години на поделби, неправди и притисоци, Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа. Сега е време да покажеме дека не сме поданици — туку граѓани. Не дозволувајте некој да ви каже дека „веќе е решено“. Сè уште зависи од нас. Излезете, зборувајте, следете, пријавувајте, чувајте се меѓусебно. Народот има право и должност да биде чувар на демократијата, додаде Крстевски.
Како што посочува, овој повик не е партиски – тој е човечки.
-Го упатуваме до сите: советници од сите групи, граѓански организации, медиуми, земјоделци, работници, млади, пензионери и сите што го сакаат Кочани. Сите имаме иста цел – чесен, мирен и достоинствен град во кој се слуша гласот на народот. Да се обединиме за заштита на Кочани од злоупотреби и партиски влијанија, но и за создавање заедништво, соработка и доверба меѓу луѓето. Да се поддржуваме меѓусебно, да учествуваме во одлуките и да придонесеме со дело, не со збор, вели Крстевски.
Тој смета дека ова не е повик за поделба — туку за заштита на правото на избор. Нема ништо поважно од слободен, чист и чесен процес.
Ги повика сите независни набљудувачи, домашни и меѓународни мисии, медиуми и демократски организации да го насочат погледот кон Кочани, да го набљудуваат процесот и да помогнат да се спречат злоупотреби, притисоци и купување на гласови. Кочани, како што вели, заслужува внимание, правда и почит.