📸ХОРОР ВО БЕЛГРАД Пијан возач поминал на црвено светло и убил цело семејство: Загинале татко (43), мајка (38) и син (9)

Сообраќајната несреќа ја предизвикал млад возач (24) на Ауди регистрирано во Босна и Херцеговина, кој поминал на црвено светло во пијана состојба

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Инсајдер

Три лица загинаа, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила 45 минути по полноќ во Нов Белград.

Тројцата починати биле членови на исто семејство, таткото Б.Ж. (43), мајката Д.К. (38) и синот М.Ж. (9), пишува Телеграф.

Сообраќајната несреќа ја предизвикал возач кој поминал на црвено светло во пијана состојба на раскрсницата на улиците „Хероја са Кошара“ и „Омладински бригади“.

Семејството што загина во несреќата било во автомобил „Хјундаи“ со белградски регистарски таблички.

Тие биле удрени од Ауди регистрирано во Босна и Херцеговина. Ударот бил силен, од страна.

Никола Ѓ., кој ја предизвикал несреќата, има само 24 години и самиот бил повреден, но само лесно. Не бил сам во возилото, а сопатникот кој се возел со него бил тешко повреден.

По наредба на обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград, возачот е приведен и му е одредена мерка притвор од 48 часа.

Слични содржини