Апасиев: Mицкоски со обид за федерализација на Македонија поради тендери

„Другар, тендери барате од Биљал Касами. Каква почит? Еве денеска ретерира...виде, ја спуштија топката“, порача Апасиев

од Nikola Popovski
45 прегледи Фото: Левица

„Мицкоски де факто ја федерализираше Македонија со тоа што не кандидираше кандидати за градоначалници во Западна Македонија“, изјави синоќа лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостување на емисијата „Тешки муабети“.

Тој тврди дека власта „не може сега да пере“.

-Другар, тендери баравте од Биљал Касами. Каква почит? Еве денеска ретерира…виде ја спуштија топката. Апсолутно го поддржавме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево, тоа е наша македонска платформа која ја предложивме и во Собранието. За возврат тие ја нападнаа Јована и сите кандидати кои ние ги имавме во Западна Македонија, кажа лидерот на Левица.

-Мицкоски де факто ја федерализираше државата, после вели барале почит од Касами, не, вие барате тендери од Касами, додаде, меѓу другото, Апасиев.