Лажни се заканите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

 Во Куманово и во Скопје и претходно имаше закани за бомби и сите беа лажни

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: МВР

Вчера (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.

Во Куманово и во Скопје и претходно имаше закани за бомби и сите беа лажни.