Забрчанец: „Отворен Балкан“ беше иницијатива која директно водеше кон формирање „единствен заеднички економски простор” со цел регионот да стане поконкурентен за привлекување големи инвестиции

-Владата веќе година и половина не покажува никаква нова своја иницијатива на тема Отворен Балкан или за регионално економско поврзување, тврди Забрчанец

од Nikola Popovski
36 прегледи

Поранешниот Национален координатор на Владата за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец е дециден дека „Отворен Балкан“ беше иницијатива која директно водеше кон формирање „единствен заеднички економски простор“ на Западен Балкан со цел регионот да стане поконкурентен за привлекување големи инвестиции и со цел граѓаните и фирмите полесно да ги движат своите услуги, стоки и производи. 

-За жал, новата македонска Влада веќе година и половина не покажува никаква нова своја иницијатива на тема Отворен Балкан или за регионално економско поврзување, истакнува поранешниот национален координатор во разговор за „Локално“, додавајќи дека реалноста вели како „граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан“.

Забрчанец: Со единствен економски простор, Македонија како една од помалите држави во регионот имаше и би имала многу поголем бенефит по глава на жител споредено со Албанија и Србија