На 30.10.2025 година околу 20:35 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (37) од Скопје.
При извршен преглед во возилото пронајдени се 100 куршуми.
Р.А. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.