Доколку Македонецот сака да купи стан од 70 м2, треба 14 години да ја штеди целата своја плата

Со тоа, Македонија се наоѓа меѓу земјите со најниска прифатливост на станбениот пазар во регионот, веднаш зад Унгарија и Црна Гора.

од Vladimir Zorba
54 прегледи Фото: Фејсбук

Во Македонија, купувањето сопствен стан станува сè потешко достапна цел, особено за младите и семејствата со просечни приходи.

Според анализата објавена на порталот „Геозофија“, цитирана од Бизнс инфо, за купување стан од 70 квадратни метри се потребни околу 169 месечни нето плати, односно речиси 14 години доколку целата плата се издвојува за таа намена.

Со тоа, Македонија се наоѓа меѓу земјите со најниска прифатливост на станбениот пазар во регионот, веднаш зад Унгарија и Црна Гора.

Високите цени на недвижностите и ограничените можности за кредитирање ја продлабочуваат разликата меѓу приходите и трошоците за домување, создавајќи дополнителен притисок врз граѓаните кои се обидуваат да дојдат до свој дом.