Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во партијата очекуваат „огромна“ победа на сите места каде што имаат кандидати во вториот круг. Според него, очекувањата во Град Скопје се дека победата на кандидатот на партијата, Орце Ѓорѓиевски ќе биде двојно зголемена во однос на разликата во првиот круг меѓу Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ.
-Во првиот круг разликата беше 3:1, во вториот круг очекуваме да биде зголемена, па дури и да има удвојување. Очекуваме убедлива победа во Градот Скопје, кажа членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски го повтори својот претходен став дека имало фер и демократски избори после долго време.