Мециновиќ од утре најавува пожестока борба во Собранието и ги повика гласачите на СДСМ да останат зад гласовите на Левица

-Сакам да им се заблагодарам и на гласачите на СДСМ. Сметам дека браната е пукната и дека ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контигентот на Левица затоа што ние сме опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Мециновиќ

од Nikola Popovski
665 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Амар Мециновиќ

За жал, на самиот крај видовме обид на владеачката ВМРО-ДПМНЕ да ја поништи новата енергија со нивни методи, но не успеа да ги обесхрабри скопјани дека не е толку јасна позицијата на владеачката партија како што мислеа. Тоа значи дека во следните 2,5 години Скопје само дополнително ќе се мобилизира и на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и пратеник, Амар Мециновиќ по завршувањето на вториот круг од изборите.

Мециновиќ вели дека изборниот резултат не е залуден и дека иднината во Македонија е многу посветла отколку што тоа го сметале владеачките партии.

-Сакам да им се заблагодарам и на гласачите на СДСМ. Сметам дека браната е пукната и дека ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контигентот на Левица затоа што ние сме опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Да останете зад левата опција и левиот блок, порача членот на Левица.

Мециновиќ по изборната трка и поразот на Ѓорѓиевски порача дека уште посилно се враќа во Собранието и дека тој ќе биде гласот на движењето што го создаваат. Најави уште жестока борба против власта од утре. Притоа им го честиташе на скопјани изборот на новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.