Инсајдери најавуваат големи промени за iPhone: Еве што носи новата надградба

Дали ви е здосадено од Liquid Glass дизјанот на iOS? Наскоро ќе можете да го „скротите“

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

По бројните поплаки од корисниците за новиот Liquid Glass дизајн, Apple може да понуди компромис во следната надградба. Според Марк Гурман од Bloomberg, компанијата се подготвува да го објави iOS 26.1, кој ќе вклучува прекинувач за намалување на ефектот на Liquid Glass.

Гурман вели дека надградбата би можела да им биде достапна на корисниците уште денес, додека првата бета верзија на iOS 26.2 за програмери треба да пристигне еден ден подоцна, пишува Engadget.

Liquid Glass беше претставен на WWDC 2025 како следната голема визуелна промена на интерфејсот на Apple. Сепак, корисниците брзо изразија незадоволство, истакнувајќи ги проблемите со читливоста и бавните анимации. Како одговор, Apple воведе опција во четвртата бета верзија на iOS 26.1 што ви овозможува да ги затемните транспарентните елементи.

Иако новата верзија не носи никакви поголеми нови функции, Гурман вели дека iOS 26.1 ќе биде постабилен и посигурен, со помалку грешки. Покрај новата опција за прилагодување на ефектот Liquid Glass, ажурирањето вклучува и освежена икона на Apple TV и дополнителни поправки.

Врз основа на моменталниот модел, се очекува Apple наскоро да го објави и macOS 26.1, како и првата бета верзија на watchOS 26.2.