Негативната нето-финансиска позиција на домашната економија надмина 10 милијарди евра

Домаќинствата и секторот „странство“ се нето-кредитори и ги финансираат останатите сектори во националната економија коишто се нето-должници

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Негативата на „финансиската сметка“ на националната економија се продлабочува. На крајот од првото економско полугодие од годинава негативната нето-финансиска позиција на домашната економија надмина 10 милијарди евра и „јазот“ е зголемен и на квартално ниво и во однос на состојбата на крајот од минатата година.

Новиот извештај „Статистика на финансиските сметки“ на Народната Банка покажува дека во вториот квартал во однос на првиот негативната нето финансиска позиција на домашната економија е продлабочена за 108,8 милиони евра додека во однос на крајот од 2024 година порастот изнесува скоро 300 милиони евра, пренесува „Бизнис инфо“.

Се наведува дека домаќинствата и секторот „странство“ се нето-кредитори и ги финансираат останатите сектори во националната економија коишто се нето-должници.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.