„Македонија е целосно усогласена со Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и продолжува со работата на деловите поврзан со Кластерот 1, но мора да ги спроведе уставните измени“ – ова го изјавила денеска еврокомесарката за проширување, Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.
За земјава, Кос кратко истакнала во две реченици дека е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и продолжуваат техничките подоготовки во однос на патоказите и Акцискиот план за преговори по првиот Кластер. Таа при тоа посочила дека земјава треба да преземе „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и вели, мора „да го промени Уставот во согласност со заклучоците на Советот од 2022 година, за да напредува по својот пат кон ЕУ“.
„Земјата не презеде одлучни чекори за да напредува во процесот на пристапните преговори во изминатата една година.
Таа мора да ги спроведе уставните измени согласно заклучоците на Советот на Европа од 2022 година за да напредува на својот пат кон Европската Унија“, потенцирала Кос пред Комитетот за надворешни работи.