Нема изненадување околу Извештајот на Европската комисија, констатира поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска. Потенцира дека официјален Брисел правилно си ги детектирал сите состојби во државата.
-Дај боже да биде аларм, ама колку аларми поминаа, а ние останавме и државата ништо не презема. Се согласувам со оценката, ја отсликува состојбата во државата, прекрајно време е веќе. Многу се спори реакциите или речиси се никакви. Додека сами не се соочиме со фактите и реалноста и сами да си ја дадеме оценката и да фатиме како што треба, ништо не бива. Се дотогаш е префрли топка на другиот, вели Ивановска, меѓу другото, во изјава за „Локално“.