Извршната директорка на Институт за човекови права, Јелена Кадриќ, коментирајќи го извештајот на ЕК, во кој се оценува дека Македонија има стагнација во делот на недискриминација и човекови права, информира дека Владата има формирано Национално тело надлежно за реализирање на сите обврски по однос на недискриминација, но до сега е одржан само еден состанок.
-Првата конститутивна седница на Националното координативно тело за следење на состојбата со недискриминација и реализација на закони, подзаконски акти и стратешки документи се одржа на 12 февруари 2025 година. Имаше еден состанок потоа, меѓутоа ништо од тогаш не е преземено, додаде Кадриќ.
Токму во слабата ажурност на ова Национално тело, Кадриќ ја гледа стагнацијата на земјава во однос на заштита од дискриминацајата, а ова вчера го констатираше и извештајот на ЕК. Кадриќ посочува дека од ова тело зависат акциските планови и спроведување на некои стратегии по однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Националното координативно тело за следење на состојбата со недискриминација беше формирано од Владата минатата година.
Б.Т.