За разврската на локалните избори во општина Брвеница, градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити изјавил дека нивното барање било коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, да не предлага кандидати во првиот круг како во општина Чашка и трката да заврши во првиот круг.
„Ова не се случи и во вториот круг отидоа кандидатот на ВМРО, досегашниот градоначалник и Хаќим Рамадани од ВЛЕН. И во тој процес, мислам дека Хаќим ја промени својата стратегија, без да се консултира со ВЛЕН, одлучи да ги кине плакатите на ВЛЕН… Ние не сме лути, ние го поддржавме Хаќим. На крајот, Рамадани од ВЛЕН отиде во дијаспората заедно со Енвер Пајазити, кој беше независен кандидат и поддржан од НАИ“, рекол Меџити, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.
Еден од лидерите на ВЛЕН истакнал дека Хаќим пресметал дека ќе биде подобро за него ако излезе од ВЛЕН.
„Го почитувавме ова. Во првиот круг, тој беше кандидат на ВЛЕН, а во вториот круг сметаше дека ќе биде подобро за него ако излезе како независен по сопствена иницијатива, па затоа без да се консултира со нас, замине како независен“, истакнал Меџити во емисијата „Дебата на Шења“.
Тој додал дека не е можно кандидат во првиот круг да биде зависен од партите, а во вториот круг да делува како независен.