Безживотно тело на млада девојка пронајдено во Тетово, ќе се врши обдукција

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера извршил увид на лице место на локацијата каде било пронајдено безживотното тело на младата девојка, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада девојка, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.

„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.

Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.