АХВ заплени над 1600 килограми небезбедни ореви и кикирики

Запленета небезбедна храна со непознато потекло во Чучер Сандево

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телевизија М-Нет

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.

При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви  и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.

Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени.

Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за  пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите. На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност.