Полска овој месец ќе започне нова програма за воена обука како дел од поширок план за обука на околу 400.000 луѓе до 2026 година, соопшти во понеделникот полското Министерство за одбрана.
Полскиот министер за одбрана Владислав Косинска-Камиш изјави дека ова е најголемата воена обука во историјата на Полска, објави Ројтерс.
Програмата „Подготвени за борба“ ќе биде доброволна и отворена за сите граѓани, од ученици до вработени возрасни, бизниси и постари лица. Ќе нуди основни курсеви за безбедност, обука за преживување, медицинска обука и часови по киберхигиена.
„Само во ноември и декември ќе обучиме околу 20.000 луѓе поединечно, но вкупниот број во сите форми на обука е околу 100.000 луѓе“, изјави на прес-конференција заменик-министерот за одбрана Чезаре Томчик.
Според него, министерството планира следната година да обучи приближно 400.000 луѓе, индивидуално, во групи, како дел од програмата „Образование со армијата“, обука на резервисти и доброволна задолжителна воена служба.
Началникот на Генералштабот на Полска, Виеслав Кукула, изјави дека програмата има две главни цели – да ја зајакне отпорноста на граѓаните и заедниците и да ја зголеми достапноста, подготвеноста и капацитетот на резервистите. Програмата првпат ја објави полскиот премиер Доналд Туск во март со цел „изградба на армија од резервисти“, поради зголемените безбедносни загрижености од почетокот на војната во Украина