Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

„Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси, со што се загрозува изборниот резултат, но и безбедноста на државата“, посочува Лога

од Nikola Popovski
23 прегледи

Потпретседателот на едното крило на Алијанса за Албанците и екс-министер за правда, Кренар Лога критикува дека Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти „(ID card)“. Според Лога, овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси. Вели дека „процесот на прислушувањето докажа такво нешто“.

-Со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на движење на Западен Балкан со лични карти). Доколку постои итност во земјата, тоа е трансформацијата на сите овие лични документи во биометриски, вели Лога во својата објава.