СДСМ: Синоќа скопјани видоа дека ѓубрето било оставено само за Орце да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери

„Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, истакнуваат од најголемата опозициска партија, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави ПР“, порачаа од СДСМ за акцијата на новата градска локална власт

од Nikola Popovski
52 прегледи

„Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо“ – ваков е ставот на СДСМ за вчерашната акција на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за чистење на главниот град.

Според партијата на Венко Филипче, наместо да организира чистење на градот, владеачката партија намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот.

„Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери. Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани“, додаваат од СДСМ.

Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, истакнуваат од најголемата опозициска партија, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави ПР.

„Скопје и скојани не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за ПР употреба“, стои во партиското соопштение.