Навидум безопасна порака што се појавила на апликацијата WhatsApp во форма на фотографија испратена до корисниците со текст „дали си тоа ти“ или „дали ја препознаваш оваа фотографија“, всушност може да биде опасна измама бидејќи зад неа често се кријат заразени датотеки, објавија денес германските медиуми.
Според „Феникс“, сè повеќе корисници добиваат вакви пораки со фотографија што може да содржи заразени датотеки што потенцијално би можеле да им овозможат на хакерите пристап до телефонот, пораките, лозинките и другите чувствителни податоци на лицето на чиј телефон биле испратени.
Особено загрижувачко е што во некои случаи малициозниот код може да се лансира дури и без кликнување на сликата, ако автоматски се прикаже само преглед.