Холандските организации за заштита на потрошувачите Car Claim Foundation и Konzumentenbond денес поднесоа тужба против германската компанија BMW поради софтвер што лажно прикажувал пониски емисии од дизел возила.
Според Konzumentenbond, BMW со години ги рекламира своите дизел возила како „зелени, еколошки и економични“, иако последователните истраги во неколку земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Обединетото Кралство, открија дека емисиите на азотни оксиди во реални услови на возење се „алармантно високи“.
Софтверот, според наодите, ги намалувал емисиите само за време на официјалните тестови, со што вештачки ги исполнувал законските стандарди за возилата, објавува NL Times.