Кремљ: Европејците мислат дека Украина може да победи, а тоа е длабока заблуда

Русија изјави дека сака војната во Украина да заврши, но заблуда е да се верува дека Киев ќе излезе како победник.Русија изјави дека сака војната во Украина да заврши, но заблуда е да се верува дека Киев ќе излезе како победник.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Британика

Русија изјави дека сака војната во Украина да заврши, но заблуда е да се верува дека Киев ќе излезе како победник.

Кремљ изјави дека сака војната во Украина да заврши што е можно поскоро, но обидите за наоѓање решение се во застој. Така, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната ќе заврши во не толку далечна иднина. Песков го повтори ставот на Москва дека војната ќе заврши само кога Русија ќе ги постигне своите цели и претпочита да го стори тоа со политички и дипломатски средства.

Според него, Киев е поттикнат од Европејци кои мислат дека Украина може да ја добие војната и да ги гарантира своите интереси со воени средства, а тоа е длабока заблуда, со оглед на ситуацијата на фронтот.

Таму, руската армија објави дека зазела уште три села во регионот Доњецк и уништила четири автономни украински бродови во областа на црноморското пристаниште Туапсе.

Украина, од своја страна, објави дека нуклеарните централи Хмелницки и Ривно го намалиле производството на електрична енергија поради штетите предизвикани од руските напади врз трафостаниците. Харковското метро не работи поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Градот Херсон исто така беше гранатиран, при што имаше повредени жители.