Муцунски за Историската комисија: Не вршиме никаков притисок, Ангел Димитров сака да го политизира процесот

-Не смееме да им поставуваме притисоци ниту временски рамки. Имаат слобода да работат, додаде Муцунски

од Nikola Popovski
30 прегледи

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски денеска зборуваше за работата на Историската комисија со Бугарија и ставот на копретседателот од бугарска страна, Ангел Димитров. Според Муцунски, политиката нема право да се меша во академската слобода. Според него, обврската на членовите на Комисијата е да дебатираат, дискутираат и ако успеат да донесат некои заклучоци, низ призмата на нивните научни познавања, ќе успеат да ги координираат.

-Политиката ги има тргнато рацете од кога Владата ја предводи премиерот Мицкоски и од кога јас сум министер за надворешни работи. Ниту имаме направено притисок ниту имаме направено влијание, нешто што за жал се случуваше во минатото и за што имате сведоштва од членови на Комисијата во тоа време. Доколку навлезам во она што го кажа господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек во однос на многу работи кои ги кажа во последниот период, веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува – да го политизираме процесот, рече Муцунски на прес-конференција во Владата.

Министерот потенцира дека членовите на Историската комисија треба да си работат како научници. Верува дека има различно толкување за одредени состојби на двете страни на границата, но остава на академските работници независно да си работат.

-Не смееме да им поставувме притисоци ниту временски рамки. Имаат слобода да работат, додаде Муцунски.

„Комисијата за историски прашања со Република Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија“ – ваков е ставот од пред два дена на Ангел Димитров, копретседател на Заедничката експертска комисија за историски прашања и образовни прашања со Бугарија.

На прашањето до каде е дојдена Kомисијата со работата, Димитров одговорил со зборовите „до никаде“.

Димитров: Нема напредок во работатата на Историската комисија, македонските колеги се неподготвени и ја следат политиката