Црногорскиот парламент денес гласаше за испраќање на свои војници во мисијата на НАТО за помош на Украина.
44 пратеници гласаа „за“, додека пет беа „против“, а двајца беа воздржани.
Пратениците од Демократската партија на социјалистите (ДПС), движењето „Европа сега“ (ПЕС), Демократска Црна Гора, Социјалдемократите (СД), Новата српска демократија (НСД), Граѓанскиот сојуз „ЦИВИС“, Албанскиот форум, Бошњачката партија и независни пратеници гласаа „за“ одлуката.