Сумата за пензии во Буџетот за 2026 ќе се зголеми по две основи, но не како резултат на линеарното зголемување

Во новата буџетска 2026 година ќе се потрошат околу 1.900.000 евра за редовна исплата на пензии, а повеќе од половина од оваа сума треба да се обезбеди од државниот Буџет

од Nikola Popovski
46 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Во новата буџетска 2026 година ќе се потрошат околу 1.900.000 евра за редовна исплата на пензии, а повеќе од половина од оваа сума треба да се обезбеди од Централниот Буџет.

Во новиот документ „Предлог-буџет“ на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување што бил доставен до Министерството за финансии се нотира дека сумата за исплата на пензии во 2026 година ќе се зголеми по две основи – пораст на бројот на пензионери и пораст на просечната пензија, но не како резултат на линеарно зголемување, пишува „Бизнис инфо“.

„Расходите за исплата на редовните пензии во 2026 година се предвидуваат во износ од 117.162,88 милион денари (од работничко право) и тоа за постојниот број на корисници на пензија и за новиот број кои своето право ќе го остварат во 2026 година и тоа со законското усогласување на пензиите кое важи за корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 28 февруари 2026 година и проектиран процент од 2,7% за усогласување на септемвриските пензии“, наведуваат од ПИОМ.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.