Во прекин сообраќајот на патот Удово – Валандово поради сообраќајка

Како што информира АМСМ, причина за прекинот е сообраќајна незгода.

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Од 16:50 часот попладнево сообраќајот на регионалниот пат Р1105 Удово – Валандово е во прекин.

Како што информира АМСМ, причина за прекинот е сообраќајна незгода.

Сообраќајот на на останатите патните правци се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека од денеска почнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.