Поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“, без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе бидат неколку улици, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето било прекинато за корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“ и „Дрезденска“, како и домот „Здравко Цветковски“.
– Поради технички причини, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „Мирче Оровчанец“, додадоа од претпријатието.
Оттаму посочија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.