Бизнисмен од Штип крадел струја преку манипулација со сите три фази на броилото

-Изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари, информираат од Електродистрибуција

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: EВН

Специјализиран тим од ЕВН Електродистрибуција за откривање на неовластено користење на електрична енергија, утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Според ЕВН, констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, односно манипулација на сите три фази на броилото.

-Преземени се мерки како: Направен е Записник за неовластено користење, pоднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ и изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари, посочуваа од Електродистрибуција.

Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.