Макрон со Зеленски: Се надевам дека мир во Украина ќе биде постигнат пред 2027 година

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изрази надеж дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027 година, оценувајќи дека последните неколку месеци беа обележани со одлуки кои беа пресвртници во војната.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Володомир Зеленски

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изрази надеж дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027 година, оценувајќи дека последните неколку месеци беа обележани со одлуки кои беа пресвртници во војната.

„Од моја страна, јас останувам подеднакво решен да го постигнам овој мир. Мислам дека мора да продолжиме да го зголемуваме притисокот, како што правиме преку санкции и борбата против фантомската флота на Русија“, рече Макрон на заедничката конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави телевизијата BFM.

Тој најави итно и десетгодишно зајакнување на билатералната соработка меѓу Франција и Украина, откако беше објавено дека Украина ќе купи до 100 авиони „Рафал“ од Франција.