Петрушевски: Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%

Со Предлог-Буџетот за 2026, Петрушевски вели дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Принтскрин

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јованка Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.

„Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.

Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.

„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.