Рускиот енергетски гигант „Газпром“, преку својата подружница „Газпром Тех“, го стекнува контролниот пакет акции од 51 процент во производителот на луксузни автомобили „Аурус“, познат по лимузината „Сенат“ што ја користи рускиот претседател Владимир Путин.
Двајца анонимни извори споделија пред Ведомости за зделката, а информиран извор од Аурус ја потврди веста.
Вредноста на оваа трансакција се проценува на приближно 12 до 13 милијарди рубљи, или просечна вредност од околу 135 милиони евра.