Кинеската технолошка компанија Xiaomi денес објави дека остварила профит за прв пат во своите бизниси со електрични возила (EV) и вештачка интелигенција (AI), додека нејзината вкупна квартална нето добивка се зголеми за речиси 81 процент во споредба со истиот период минатата година.
Прилагодената нето добивка на компанијата за третиот квартал од 2025 година изнесува 11,3 милијарди јуани (околу 1,45 милијарди евра), додека пред прилагодувањата, растот на профитабилноста достигна 129,5 проценти на годишно ниво.
Приходите на кинеската компанија во исто време пораснаа за 22,3 проценти на годишно ниво на 113,1 милијарди јуани (околу 14,55 милијарди евра).